Почетна Убавина и здравјеБектеши и Трајковски спроведени во Судот во Кочани – Убавина и здравје

Бектеши и Трајковски спроведени во Судот во Кочани – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Поранешниот министер за економија и ексдиректорот на ДПИ под полициска придружба дадоа исказ за нелегалната лиценца на дискотеката каде што загинаа 59 лица

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, и ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, вечерва беа спроведени со полициска придружба во Основниот суд во Кочани. Тие ќе дадат исказ пред судија на претходна постапка во рамки на предистрагата на Обвинителството во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 59 лица.

Според информациите од Обвинителството, за Бектеши и за други лица ќе се бара определување мерка краткотраен притвор во времетраење од 48 часа до носење наредба за спроведување истражна постапка. Бектеши беше спроведен од полициската станица „Карпош“ во Скопје, каде што се наоѓаше од вчеравечер кога беше повикан на распит.


Поврзани објави

Бектеши е приведен во врска со нелегалната лиценца за кабаре што ја имала фирмата „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани за клубот „Пулс“ – документ кој бил издаден на 13 март 2024 година, кога со Министерството за економија раководел Крешник Бектеши, а потпишан од тогашната државна секретарка Размена Чекиќ-Дуровиќ.

Фото: принтскрин – социјални мрежи и Јутјуб