Почетна Убавина и здравјеМоника Црнокрак со титула на Мис Европа во Бејрут – Убавина и здравје

Моника Црнокрак со титула на Мис Европа во Бејрут – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Моника Црнокрак, ќерка на Мики и Светлана Црнокрак, се закити со титулата 5-та придружничка на изборот за Мис Европа, кој минатиот викенд се одржа во елитниот Event Centar “Quora” во Бејрут, Либан.

Националниот фустан во кој се претстави Моника Црнокрак беше изработен специјално за овој настан од нашата модна креаторка Наташа Карчева.

Ова е втора титула на Моника на овој избор, откако ја претставуваше Македонија и во 2023-та на истиот, а тогаш ја освои титулата Мис фотогеничност.

Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фустан во сино-зелена боја.

Модното студио Црнокрак со години наназад ја има лиценцата за учество на овој избор и секоја година се грижи за девојките кои ја претставуваат земјава на реномираниот избор.

 

Фото: Приватна архива