Почетна Убавина и здравјеКоја храна е богата со магнезиум? Колку треба да го консумирате?

Која храна е богата со магнезиум? Колку треба да го консумирате?

од nenad
1 минути читај за

Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира.

Денес научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, ХИВ/Сида, мултиплекс склероза, ПМС и лупус.

ПРЕПОРАЧАНИ ДНЕВНИ ПОТРЕБИ

Препорачаните дневни потреби за магнезиум се:

Поврзани објави

  • Новородени (0-6 месеци) – 30mg
  • Новородени (7-12 месеци) – 75mg
  • Деца (1-3 години) – 80mg
  • Деца (4-8 години) – 130mg
  • Тинејџери (14-18 години) – 360 до 410mg
  • Мажи (19-30 години) – 400mg
  • Мажи (31 година и нагоре) – 420mg
  • Жени (19-30 години) – 310mg
  • Жени (31 година и нагоре) – 320mg
  • Бремени жени (19 години и нагоре) – 350 до 360mg
  • Доилки (19 години и нагоре) – 310 до 320mg

ХРАНА БОГАТА СО МАГНЕЗИУМ

Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум. Консумирањето на сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб, зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.

Денес сите ние водиме стресен живот, а магнезиумот го подобрува расположението и помага при стрес. За да бидете поспокојни и поздрави не прескокнувајте ја споменатата храна, богата со овој незаменлив минерал.