Почетна Убавина и здравјеКога имаш силна мајка, и ти самата стануваш силна ќерка!

Кога имаш силна мајка, и ти самата стануваш силна ќерка!

од nenad
1 минути читај за

Кога имаш силна мајка, се учиш да бидеш независна. Се учиш да го зборуваш тоа што го мислиш. Се учиш да делуваш самостојно. Учиш да се грижиш за себе си и за неа, бидејќи сакаш да се гордее со тебе.

Кога имаш силна мајка се почитуваш себе си, не дозволуваш на никого да зборува лошо за тебе. Не дозволуваш да се однесуваат кон тебе како кон тело, туку како кон човек. Сакаш да се однесуваат кон тебе со почит.

Кога имаш силна мајка, знаеш каква треба да биде љубовта. знаеш какви треба да бидат односите во семејството. Знаеш што е правилно, а што не, Со кои луѓе да бидеш близок, а со кои на растојание.

Кога имаш силна мајка, не се предаваш никогаш. Стануваш после паѓање и пробуваш повторно. Никогаш не го примаш неуспехот како варијанта. Продолжуваш да се обидуваш додека не го добиеш тоа што го сакаш.