Почетна ВестиКовачевски: Македонија е пред вето одвнатре, против уставни измени се руски ботови и платени политичари

Ковачевски: Македонија е пред вето одвнатре, против уставни измени се руски ботови и платени политичари

од nenad
1 минути читај за

Уставните измени се техничка измена на Уставот, нема забелешка за амандманите, тие не задираат во ниту едно идентитетско прашање, порача премиерот Димитар Ковачевски од скопската општина Аеродром на настан по повод камен темелник на нова полициска станица.

Со тоа, како што рече, се демантираат лагите дека македонскиот народ ќе се бугаризира.

   

„Освен од неколку платени руски ботови и платени политичари и аналитичари, кои што мораат да го зборуваат тоа заради финансиски средства. Во тоа нема никаква суштина“, нагласи Ковачевски.Овојпат, додаде тој, земјата не е пред вето однадвор, туку такво нешто може да дојде одвнатре.

„Ако вето за Северна Македонија за евроатлантските интеграции досега доаѓаше од надвор, денес ветото за првпат може да дојде одвнатре, од политички партии кои декларативно кажуваат дека се за интеграција, а историски имаат докажано дека се против евроатлантските интеграции. За првпат имаме политичари по 32 години независност кои велат дека европската агенда не е иста со македонската. Тоа досега го нема кажано ниту еден политичар. Тоа значи дека има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата“, истакна премиерот кој порача дека странци не можат да завршат работа во земјава, туку само македонски политичари, без разлика од која партија доаѓаат.