Почетна ВестиМеџити: Министерството е партнер на лицата со дијабет, заедно ќе ги надминуваме предизвиците  

Меџити: Министерството е партнер на лицата со дијабет, заедно ќе ги надминуваме предизвиците  

од nenad
1 минути читај за




Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска на состанокот ги сослуша барањата на лицата со дијабет. Како министерство имаме целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат. Како што информираше министерот на состанокот утрово, ги преземаме сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита за нив е приоритет, а Министерството секогаш ќе биде нивни партнер.

   

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска реализираше едно од нивните клучни барања. Потпишана е одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти.
-Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, таа требала да се почне уште во декември од претходното раководство, истакна Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест.
Министерот дополнително информираше дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина.