Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша на својот Фејсбук профил објави фотографија пред студиото каде се снима шоуто Ѕвездите на Гранд во кое своевремено беше член на жирито.
Откако и го затворија Инстаграм профилот, Јелена Карлеуша целосно се „пресели“ на Фејсбук и објави спомен.
На споментата фотографија таа носеше футуристички сребрен фустан со длабоки шлицови кои ги откриваа нејзините совршено извајани долги нозе, додека сето тоа го комплетираше со високи потпетици.
Нејзиниот стајлинг ги шокираше сите присутни, но и докажа зошто важи за модна икона.
Поврзани објави
„Најубавата жена во Србија и регионот“, „Кралица“, „Како кукла Барби“, „Подобра е од милион долари“ – беа само дел од коментарите.
Да потсетиме, Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша беше еден од „најсилните“ во регионот.
printskrin Youtube/ Informer