Неда Украден искрено проговори за своите помлади колешки и начинот на кој тие ја градат својата кариера во денешно време.
Познатата пејачка Неда Украден синоќа се појави на настан во главниот град на Србија.
Таа во разговор за медиумите откри дека го сака месец декември, токму поради празничната еуфорија.
За мене нема одмор, ако немам концерт тогаш се подготвувам за концертот. Во декември ја украсувам елката и ја украсувам куќата. Декември е месец полн со разни возбудливи активности во куќата, подготовки за Нова Година и Божиќ“ – изјави Неда.
Поврзани објави
Важи за една од ретките пејачки која немала ниту еден скандал во кариерата, а сега на членовите на седмата сила им раскажала како успеала во тоа.
Се трудев да не бидам некој што ќе се конфронтира, навредува. Се обидов да бидам блиску до луѓето со моите песни и порака, блиску до очекувањата на публиката“ – рече таа, а потоа се наврати на своите помлади колешки:
„Вие подобро од мене знаете како се гради сега кариера, јас изградив кариера со мојата песна и глас и со својот изглед. Нема финти кај мене, кога ќе излезам на сцена излегувам за да пеам, а не да покажувам лажни нокти, трепки…. Сакам да кажам дека мојот пат во кариерата беше таков… Кога ќе го слушнам дека некој е инфлуенсер, го прашувам што му е целта, на што точно влијае“ – рече Неда.
Фото: printskrin Youtube/Blic
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: