Кралот Чарлс останал без текст, а насмевката на Камила веднаш исчезнала
Кралот Чарлс и кралицата Камила се соочиле со непријатен момент додека се потпишувале во книгата за посетители на црквата за време на нивната кралска посета на Австралија, чиј шеф на државата е Чарлс Трети.
По црковната служба во Сиднеј, која го обележала првиот ден од нивната кралска посета на Австралија, на Чарлс и Камила им била предадена првата Библија во Австралија, потпишана од страна на сите членови на кралското семејство во текот на претходните кралски турнеи.
Оваа историска книга му припаѓала на свештеникот Ричард Џонсон, првиот христијански свештеник во Австралија. Покојната кралица Елизабета Втора ја потпишала во 1954 година за време на првата посета на владејачкиот монарх на овој континент. Додека му ја предавал книгата на Чарлс, надбискупот му кажал дека Библијата ја претставува значајната историја на таа црква и нација.
Поврзани објави
Кралот ја потпишал Библијата со налив-перо, а потоа, веројатно поради разликата во временските зони, се свртел и прашал: „Кој ден е денес?“
Меѓутоа, се чинело дека кралот Чарлс бил видно шокиран кога требало да се потпише. На врвот од страницата на молитвеникот што Чарлс го потпишал овој викенд се наоѓал потписот на покојната принцеза од Велс, Дијана, од нивната посета во 1983 година. Таа турнеја го означила пресвртот во нивниот несреќен брак, бидејќи се смета дека Чарлс бил фрустриран поради неверојатната реакција на јавноста кон Дијана.
Како што многумина коментираат во јавноста, изгледа дека духот на принцезата Дијана и понатаму го опседнува и прогонува кралот Чарлс и дека никогаш нема да може да побегне од начинот на којшто се однесувал кон неа. Тој бил видно шокиран, а Камила изгледала нервозно во тој момент. Нејзината насмевка инстантно исчезнала.
По едночасовната служба во црквата Свети Томас во северниот дел на Сиднеј, кралската двојка излегла надвор за да ги поздрави стотиците луѓе собрани на тревникот спроти црквата.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @theroyalfamily