Бред Пит и Анџелина Џоли се уште се расправаат на суд за заеднички бизнис и старателство над нивните деца. Шесте деца застанаа на страната на нивната мајка за време на долгата расправија.
Холивудскиот актер Бред Пит продолжува да комуницира со само неколку деца од шестемината кои им се заеднички со Џоли, поради неговата расправија со поранешната сопруга.
Еден месец откако 18-годишната ќерка на Џоли и Пит, Шајло, поднесе барање за отстранување на презимето на нејзиниот татко од нејзиното име, извор близок до славното семејство изјави за Пипл дека Бред „практично нема контакт“ со своите возрасни деца, но сепак ги посетува своите помлади деца.
Поврзани објави
Brad Pitt Has Visitation with His Younger Kids but ‘Virtually No Contact’ with Adult Kids: Source (Exclusive) https://t.co/v5oKCtgAUk
— People (@people) July 9, 2024
„Тој практично нема никаков контакт со неговите повозрасни деца. Последниве месеци неговата комуникација со помладите деца е поограничена поради неговиот распоред на снимање“, вели инсајдерот.
Поранешниот сопруг на Анџелина Џоли моментално е во Европа каде го снима својот претстоен филм за Формула 1.