Погледнете како покаченото ниво на кортизол, хормонот на стресот, ја уништува убавината.
Сигурно сте го сретнале терминот „лице со кортизол“ меѓу блогерите на социјалните мрежи.
Што претставува тоа?
Овој термин се користи за состојби кои можат да се манифестираат во пределот на лицето кога нивото на надбубрежните хормони, особено кортизолот, се покачени. Нивото на кортизол може да се зголеми кај секој здрав човек, бидејќи тој е хормон на стрес и го подготвува телото за болка. Мало зголемување се карактеризира со анксиозност, и ако нормата е многу надмината, тогаш лицето доживува страв.
Зголеменото ниво на коритзол се рефлектира со намалување на еластичноста на кожата, оток, како и зголемување на поткожното масно ткиво во торзото, лицето и особено на двојната брада.
Поврзани објави
Како сами да го намалите нивото на кортизол?
Кортизолот не е само хормон на стрес, туку и хормон на фрустрација. Кога ќе се зголеми човекот доживува вознемиреност, страв, па дури и болка, што мора итно да се ослободи. Мозокот добива сигнал кој бара итен одговор, а тоа често доведува до создавање на други нервни врски. За да се потиснат овие негативни емоции, многумина прибегнуваат кон консумирање големи количини храна, слатки или алкохол.
Можете да се научите да го потиснувате или контролирате нивото на кортизол поврзано со стресот. За да го направите ова, треба да ги формирате вистинските нервни врски. На пример, почнете да правите јога или други здрави практики кои прават да чувствувате радост и среќа. Важно е да престанете негативните емоции да ги потиснувате со други лоши навики.
Фото: Freepik.com