Многумина се воодушевени од изгледот на телото на Пени Ланкастер по 50-тата година
Род Стјуарт и Пени Ланкастер го имаат еден од најцврстите бракови во шоу-бизнисот. Освен што таа е цела глава повисока од него и 26 години помлада, тие одлично се согласуваат и не им обрнуваат внимание на негативните коментари.
Пени Ланкастер е поранешна манекенка, а пензионерските денови ги поминува уживајќи во луксуз. Па така, испливале нејзини фотографии од плажа во Сиднеј, додека за тоа време, нејзиниот сопруг престојувал во Белград, каде што одржал концерт.
Со оглед на тоа што стандардите за убавина постојано се менуваат и стануваат сè поригорозни, жените постари од 50 години се соочуваат со големи очекувања. Меѓутоа, Пени покажала дека и жените со вишок килограми можат да изгледаат совршено и да пукаат од самодоверба.
Поврзани објави
Поранешната манекенка не паднала под влијание на социјалните мрежи и естетските операции, па потполно природна шетала на плажа, покажувајќи ги своите облини на 52-годишна возраст.
Погледнете како изгледа Пени на плажа ТУКА.
ФОТО: Инстаграм / penny.lancaster