Почетна ЕкономијаЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите 

ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите 

од nenad
1 минути читај за

Европската комисија донесе одлука да мобилизира помош за Северна Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари.

 – Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Северна Македонија се распоредени четири хеликоптери и три противпожарни авион од Хрватска, Словенија, Србија и Турција, информира Ујвари.

 Во Бугарија пак, според Ујвари, се испратени два хеликоптера за гаснење пожари од Чешка. –  Подготвени сме да мобилизираме и дополнителна помош.

Како што знаете во пресрет на летото направивме значителни подготовки, ангажирајќи над 500 пожарникари, 29 авиони и четири хеликоптери за гаснење пожари распоредени низ цела Европа, додаде Ујвари.

сп/са/Фото: Скриншот .

Извор: МИА