Почетна Убавина и здравјеКако да се справите со тантруми кај вашите деца – Убавина и здравје

Како да се справите со тантруми кај вашите деца – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Погледнете како да ги контролирате изливите на бес кај децата, да избегнете непријатни погледи надвор, но и да ја заштедите вашата енергија при невообичаени однесувања.

Тантрум е појава што опфаќа задржување здив, врескање, трескање глава, тресење или тркалање по под. Најчесто се јавува кај деца помеѓу 2-5 годишна возраст а произлегува од одредено незадоволство како што е глад, замор, неостварена желба или пак некој надворешен стрес.

Понекогаш не мора да постои причина за да се поттикне ова однесување кај децата.

Погледнете како да влијаете на детето при негово исфрлање бес.

1.Потврдете ги емоциите што се причина за бес

Без разлика дали се согласувате или не се согласувате со чувствата – вие покажувате дека ја слушате другата личност. Потврдувањето на емоциите може да му помогне на вашето дете да идентификува како се чувствува, што е еден чекор кон смирување на своите емоции.


Поврзани објави

2.Воздржете се од реакција

Очекувајте однесувањето да се влоши пред да се подобри . Некои родители се загрижени дека не прават ништо кога игнорираат. Но ако успеете да издржите без да изреагирате голема е веројатноста детето да разбере дека повеќе тој начин на искажување емоции не доведува до остварување на  желбите. Доколку попуштите на крајот, само му давате дознаење дека со поголемо притискање, на крајот сепак ќе го добие тоа што го сака.

3.Пофалете го кога соработува со вас

Во моментот кога детето ќе ве послуша, ентузијастично пофалете го и дадете му дознаење дека се однесува правилно.

Доколку овие напади на емоции се случуваат во јавност, нормално е да се почувствувате крајно понижени и беспомошни што не можете да го контролирате однесувањето на вашето дете. Но не заборавајте дека не сте првиот родител што се соочува со ова, и веројатно поголемиот дел сведоци разбираат зошто го игнорирате плачењето на вашето дете. Дишете длабоко и останете смирени, за да може да се смири и вашето дете.

Фото: Freepik.com