Почетна МакедонијаЗасега не постои можност други партии да го напуштат „Европскиот фронт“, тврдат од ДУИ

Засега не постои можност други партии да го напуштат „Европскиот фронт“, тврдат од ДУИ

од nenad
2 минути читај за




„Ставовите што ги објави вчера Мендух Тачи на сите ни е јасно како тој ќе гравитира во блиска иднина“. Ова денеска на прес-конференција го изјави пратеничката од ДУИ Арта Биљали-Зендели откако вчера лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) објави дека веќе нема да биде дел од „Европскиот фронт“.

Според Биљали-Зендели, парламентарната група на „Европскиот фронт“ ќе продолжи да дејствува опозициски и во полн состав и таа е единствена. Ваквите нејзини очекувања таа ги поткрепува со изјавата на Тачи дека ќе дејствува опозициски. „Ставовите на Мендух Тачи тој самиот ги објави вчера и мислам дека беше доволно јасен за да се стекне впечаток дека тој ќе продолжи да дејствува како опозиција и ќе се консултира редовно со претседателот на ДУИ Али Ахмети“, рече таа.

Во однос на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити кој во неделата рече дека очекува дестабилизација на „Европскиот фронт“ и оти напуштањето на Мендух Тачи е само почеток, пратеничката рече дека одговорни за тоа се лидерите на партиите во коалицијата, а не тие што се надвор од неа.

„Што се однесува до тоа дали се плашиме дека ќе има и други протекувања од ’Европскиот фронт’ за тоа што го кажува Изет Меџити, мислиме дека одговорен и одговорност за тоа што се случува и што ќе се случи во ’Европскиот фронт’ сносат лидерите на политичките партии што се дел од него и самите пратеници, а не тие што од надвор се обидуваат да наметнуваат одредени тези во јавноста“ – реча Биљали-Зендели. Според неа, засега не постои можност други партии да го напуштат „Европскиот фронт“, а на прашањето кога последен пат лидерите се состанале, таа одговори дека нема таква информација.