Почетна Убавина и здравјеКако да се справиме со колективната траума? – Убавина и здравје

Како да се справиме со колективната траума? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Ако ви е тешко да се справите со вашите емоции, побарајте поддршка од блиските или стручна помош

Катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани предизвика колективна тага и траума. По ваква голема трагедија, разбирливо е тоа што поголемиот дел од населението се соочува со голем шок, стрес и болка, па затоа клучно е покажеме емпатична поддршка и солидарност.

Доколку имате потешкотии да ја прифатите моменталната ситуација или познавате луѓе кои потешко се справуваат со ново настанатите околности, можеби ќе ви помогнат следниве совети за справување со колективна траума…


Поврзани објави

  • Прифатете ги емоциите – Дозволете си себеси и на другите да чувствуваат тага, бес, страв или збунетост. Не потиснувајте ги овие чувства.
  • Бидете заедно – Пронајдете време за споделување и меѓусебна поддршка. Разговорите со роднини и пријатели помагаат во процесот на лекување.
  • Побарајте професионална помош – Ако чувствувате дека болката е премногу силна или долготрајна, не двоумете се да се обратите на психотерапевт или советник, кој е обучен за справување со трауми.
  • Зачувајте ги рутинските активности – Обидете се да им се вратите на нормалните активности како што се јадење, спиење и физичка активност, бидејќи овие рутини даваат чувство на стабилност и безбедност.
  • Не игнорирајте го стресот – Обидете се да користите стратегии за релаксација, како што се медитација, длабоко дишење или лесни физички вежби, за да ја намалите напнатоста.
  • Бидете трпеливи со себе и другите – Процесот на лекување по трагедија е бавен и различен за секого. Не забрзувајте го процесот и дајте си време за адаптација.
  • Создавајте спомени од позитивните искуства – Обидете се да ги надминете траумите преку активности кои создаваат позитивни искуства и поврзаност, како што се заеднички прошетки или семејни собири.
  • Понудете ја вашата помош – Ако забележите некој во вашето опкружување кој се бори со траумата, понудете помош, бидејќи заедничката поддршка е клучна во процесот на исцелување.

ФОТО: Julia Taubitz / Unsplash