Џеј Ло важи за една од најзгодните дами, се верува дека нејзиното тело нема ниту еден недостаток, но реалноста е поинаква
Џенифер Лопез не престанува да крева прашина во јавноста. Последниве неколку години се покрена голема полемика околу нејзиниот задник и целулитот.
По фотографиите од плажа на папараците, на луѓето не им се веруваше што гледаат. Имено, на социјалните мрежи Џенифер Лопез изгледа совршено. Бујни облини, извајано тело, затегнат задник, со еден збор – совршенство.
Сепак, на фотографиите од папараците се гледа нешто друго. Комплетно поинаква слика од она што го пласира латино-дивата на социјалните мрежи. Целулит, мал вишок килограми и разни несовршености.
Со оглед на тоа што Џеј Ло ја гази шестата деценија од животот, нејзиното тело изгледа заводливо и покрај неколкуте несовршености.
Секој има право да користи Фотошоп и тоа е личен избор.
Поврзани објави
Меѓутоа, многу жени се под стрес поради пласирањето совршени тела на социјалните мрежи. Повеќето од нив се споредуваат себеси со ѕвездите, кои имаат направено многубројни естетски корекции, а речиси секоја од нив користи Фотошоп како средство за разубавување на своите фотографии.
Не е тајна дека Џенифер Лопез многу тренира, се занимава и со танц, има специфичен режим на исхрана и сето тоа влијае врз нејзиниот изглед и кондиција. Сепак, се труди да ѝ се претстави на јавноста во што подобро светло, па користи и многу Фотошоп.
Без оглед на тоа, мора да се согласиме дека годините одлично ѝ стојат, изгледа што подобро, па навистина не ѝ треба Фотошоп, бидејќи сосема нормално е да се има понекој недостаток.
Да се потсетиме дека Џеј Ло си го има осигурано задникот на вртоглави 27 милиони долари.