Почетна Убавина и здравјеКако го коментирате вие? – Убавина и здравје

Како го коментирате вие? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за


Брадавиците се прикажуваат во јавност, а жените велат дека тие не се табу – но што ќе кажат во Македонија за ваквата мода?

Проѕирната облека без градник е голем тренд во Холивуд и пошироко. Овој тренд го следат ѕвездите кои до вчера имаа сосема поинаков стил, како Брукс Шилдс и Оливија Вајлд. Брзо заживеа меѓу познатите, а за разлика од претходните голи фустани, целта на новата верзија на трендот е да остави впечаток дека откривањето на брадавиците во јавност е сосема нормална работа.

Со тоа се согласува и Криси Тајген, која на хуманитарна вечера во Њујорк се појави во елегантен фустан со животински принт. Бидејќи облеката беше проѕирна, фустанот ѝ ги „откри“ градите.

Остатокот од стајлингот беше дури и романтичен, судејќи по фризурата и панделките на гардеробата, кои се исто така е дел од трендот – брадавиците се откриваат при носење на целосно елегантен стајлинг, па на тој начин се максимално во преден план.


Поврзани објави

Криси Тајген, која ја следи ваквата мода, го поддржа и трендот на масивен златен ретро-накит, кој изгледа многу добро…

Како го коментирате новиот моден тренд?

Фото: Инстаграм