Норвешката принцеза Марта Луиз можеби не ѝ е позната на пошироката јавност, но нејзиниот живот е вреден да се сними барем еден филм по него.
Марта, која е постара од кралот Харалд, го изгубила правото на тронот како дете, а нејзиниот брат ја добил таа привилегија. Подоцна се омажила и се развела со Ари Бен, со која има ќерка, а кој набргу по разводот изврши самоубиство.
Неговото ментално здравје многу зависеше од тоа какви критики ќе добие во медиумите. Но, не велам дека тоа е нечија вина. Печатот доби самокритика откако тој умре, дека можеби беа малку груби кон него и дека тој всушност беше многу фина личност“, изјави Марта за Би-Би-Си по смртта на нејзиниот поранешен сопруг.
Нејзиниот живот е постојано под будното око на норвешката јавност, особено поради нејзиниот афинитет кон паранормалните појави. Имено, принцезата тврди дека разговара со ангелите, а во врска е со американскиот шаман Дурек Верет, кој има голем број следбеници во Холивуд.
Иако норвешката јавност бурно реагираше на оваа врска, Марта минатата година на својот инстаграм-профил го објави датумот кога ќе му го каже судбоносното „да“ на својот свршеник Дурек Верет.
Венчавката ќе се одржи на 31 август годинава во хотелот „Унион“, во бајковитиот амбиент на Гејрангерфјорд во западна Норвешка.
Верет ќе се пресели во Норвешка за да му се придружи на кралското семејство, но нема да има титула.