Почетна Убавина и здравјеКаква контрареакција! Штом дозна дека бившиот ѝ е во врска со 13 години помлада, Вергара објави фотка во топлес и танги

Каква контрареакција! Штом дозна дека бившиот ѝ е во врска со 13 години помлада, Вергара објави фотка во топлес и танги

од nenad
1 минути читај за


Токму во моментот кога се појави веста дека нејзиниот поранешен сопруг, од кој се раздели пред само неколку месеци, има нова девојка, актерката Кејтлин О’Конор, која е 13 години помлада од него, Софија Вергара објави многу впечатлива фотографија од младоста на Инстаграм. Случајност или не, но нејзиниот потег се смета за контрареакција на новата врска на Џо Манганиело.

Џо Манганиело (46) се запозна со Кејтлин О’Конор (33) минатиот месец на снимањето на серијата Winning Time: The Rise of the Lakers Dynasty.

Веста за нивната романса, која не е официјално потврдена, се распространи со брзина на светлината, а погледните веднаш се насочија кон Софија Вергара (51).

Колумбиската актерка Софија Вергара, која беше во брак со Џо Манганиело од 2015 година до оваа година, ги потсети сите како изгледала на почетокот на кариерата.


Поврзани објави

Оваа фотографија осамна на нејзиниот инстаграм-профил, каде што деновиве – откако дозна за споменатата романса, објави серија слики.

Фото: Инстаграм