Почетна ЕкономијаКаква е музичката понуда за туристите во Охрид летово: Од Сандра Африка до Лени Кравиц!

Каква е музичката понуда за туристите во Охрид летово: Од Сандра Африка до Лени Кравиц!

од nenad
2 минути читај за

Најголем број на турбо фолк ѕвезди од соседството ќе гостуваат во познат ноќен клуб во Охрид, и тоа претежно во месец јули. На листата на најавени концерти се оние на Раста и Војаж, Сандра Африка, Десингерица, Реља и Николија, 2Бона…

   

Популарната српска пејачка Александра Пријовиќ исто така ќе одржи прв концерт во Охрид, и тоа на стадионот Билјанини извори, на први август.

Жељко Бебек во Охрид ќе настапи во Антички театар на 18-ти јули, а покрај него, во Антички театар ќе имаат конецрти и Хари Мата Хари на 28-ми јули и Саша Ковачевиќ на 5-ти август.

Како голем настан кој го очекуваат љубителите на рок музиката, најавен е концерт на светската музичка ѕвезда Лени Кравиц, кој ќе се одржи на 4-ти август на стадионот Билјанини извори.Ова ќе биде негова трета посета на Македонија, откако својот прв концерт го одржа во Охрид во 2008 година на стадионот Билјанини извори, а настанот беше опишан како еден од најдобрите концерти кои се случиле кај нас.

Владо Јаневски ќе одржи концрет во Охрид, во Античкиот театар на 10 август, објави продукцијата „Прагма“.Од ноември мнатата година, до јануари годинава, Јаневски распродаде пет концерти во Филхармонијата. Серијалот концерти беше наречен „Златни години – најдоброто од Владо Јаневски”.

„Ми пренесоа дека на социјалните мрежи имам порака од едни луѓе кои по 50 години се нашле еден со друг и песната ‘Љуби, љуби’ е нивната омилена и најдобро им ја раскажува љубовната приказна. Рекоа дека ќе дојдат на првиот концерт“, кажа Владо Јаневски во ноември лани во Скопје и ги поздрави Зоран и Даниела во публиката со нивната песна.Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежатра на kupikarta.comИ во познатите угостителски локали е предвидено гостување на познати музички имиња, претежно од домашната фолк сцена.

За љубителите на класичната музика, предвидени се голем број на настани во склоп на Охридско лето, и тоа од 12-ти јули до 20-ти август, и ќе настапат над 500 уметници од 24 земји. Настаните ќе се одржуваат на отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје „Св. Софија“, како и Црквата „Св Софија“ и Центарот за култура.Според досега потврдените концерти на охридските летни сцени, во музичката понуда можат да се пронајдат голем број на туристи кои ќе допатуваат во Охрид, а кои слушаат од турбо фолк, па се до класика.