51
Ова се резултатите од истражувањето за изборите и за јавни набавки што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации.Како што стои во соопштението од Центарот за граѓански комуникации, истражувањето покажало дека гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи.
– Дури 41 процент од договорите за јавни набавки поврзани со изборите, ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање, без оглас. Во групата фирми кои традиционално ги добиваат тендерите на ДИК се издвојуваат три фирми. Во годините кога има парламентарни избори, вредноста на јавните набавки во земјата достигнува рекордно ниво. За годинашните избори – се антиципирало во ланските набавки, се наведува меѓу другото во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.