Советува д-р Зорица Милошевска, специјалист по дерматовенерологија.
Како да ја негуваме косата за да ги одложиме знаците на стареење на скалпот и влакното? Прашавме дерматолог…
Какви промени трпи скалпот со текот на годините?
Со текот на годините, кожата старее на сите делови од нашето тело вклучувајќи го и скалпот.
Трите главни аспекти на стареењето на косата се проретчена коса, намален квалитет на косата и промена на бојата на косата (побелување).
Истенчувањето, губењето на волуменот, намалената густина на косата и намалениот квалитет на влакната се споредливи со процесот на стареење на кожата, а се поврзани и со намалена еластичност и хидратација.
Густината на влакното (фоликулата) и дијаметарот на влакното својот максимум го достигнуваат околу 30-годишна возраст.
Знаците на стареење на косата стануваат видливи на околу 40 години.
Тогаш е најдобрата возраст да се почне со подобра грижа за скалпот и да се храни и заштитува кожата под косата, препорачува д-р Милошевска.
Кои фактори придонесуваат за предвремено стареење на скалпот и намалување на квалитетот на косата?
Поврзани објави
Како што старееме, нашите клетки стануваат помалку отпорни на клеточните оштетувања и повреди, како оксидативен стрес и оштетување на ДНК. Многу надворешни фактори, како што се УВ-зрачењето и загадувањето, не можат целосно да се избегнат, но со користење соодветна заштита, можат да се подобрат одбранбените ефекти.
Матичните (стем) клетки во фоликулите се развиваат во нешто прекрасно и посебно – влакно. Ова е биолошко чудо што се случува во текот на целиот наш живот и се повторува неколку пати. Следствено, овој процес е многу подложен на надворешни стресни фактори, како што се слободните радикали предизвикани од УВ-зрачењето или загадувањето.
Овие слободни радикали можат трајно да го оштетат фоликулата. Понатаму, УВ-зрачењето директно ги оштетува протеините во самата коса, што доведува до дополнително намалување на дијаметарот на влакното и кршливост на косата.
Како да препознаеме дека скалпот и косата го губат квалитетот и дека е време да преземеме нешто заради тоа?
Штом пациентите ќе почувствуваат дека нивната коса почнува да ја губи густината, време е да се преземат првите чекори. Д-р Милошевска споделува:
Тенката коса е огромен проблем за моите пациенти. Повеќето од нив на прво место размислуваат на одредена болест или хормонална нерамнотежа, а не на процесот на стареење. Не се свесни за стареењето на косата како проблем и последователно, не се свесни за третманот против стареење на скалпот и косата како соодветно решение.
Косата е многу важна за самодовербата, за чувството да се биде динамичен и млад. Бидејќи е навистина возможно да направиш нешто, и треба да направиш! Мора да ја подигнеме свеста дека тенката коса не е неизбежна судбина.
Накратко кажано, она што дејствува во негата на кожа против стареење е исто така успешно во негата против стареење на косата: заштитата од УВ-зрачење и вистинската хидратација се клучни фактори за успешна нега на коса и скалп, како и за заштита од антиоксидативни и антиинфламаторни агенси. За да се обезбедат најдобри резултати, треба да се користат производи за соодветната намена.
Истите треба да се користат правилно, на пример, со следење на периодот на употреба на шампоните или препорачаните дози од производите кои не се одмиваат.
Последно, но не и најмалку важно, не е доволно производите да се користат само еднаш. Како и при негата на кожата, дневната рутина е клучна во третманот против стареење на косата.
Текст и фото: ПР