Table of Contents
Астрологот Сузан Милер ги споделила своите предвидувања за лето 2025 година, истакнувајќи ги клучните аспекти за секој хороскопски знак
Еве што им предвидува таа на хороскопските знаци…
ОВЕН
Од 9. јуни, Јупитер влегува во вашата четврта куќа на домот и семејството, носејќи поволен период за купување или реновирање недвижнини. Се препорачува да почекате да помине тој датум за поголеми инвестиции во домот. Летото е идеално време за решавање семејни прашања и создавање стабилно семејно опкружување.
БИК
До јуни, биковите ќе уживаат во финансискиот просперитет, благодарение на влијанието на Јупитер. Ова е добар период за инвестирање, штедење и планирање на иднината. Исто така, креативните проекти како пишување или започнување подкаст, можат да ви донесат успех. Ве очекува неверојатна заработка.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците се во период кога привлекуваат нови луѓе во својот живот, што може да доведе до значајни романтични врски. Иако трудот во кариерата можеби сè уште не ви се исплаќа, резултатите ќе станат видливи во втората половина од годината.
РАК
Од 9. јуни, Јупитер влегува во вашиот знак, означувајќи го почетокот на еден од најдобрите периоди во последните 12 години. Очекувајте напредок во љубовта, финансиите и личниот развој. Патувањата и новите искуства ќе ви го збогатат животот.
ЛАВ
Лавовите се соочуваат со предизвици поради влијанието на Уран, особено оние што се родени при крајот на знакот. Финансиското планирање и професионалниот развој се во фокусот. Периодот од средина на април до средина на јули носи можности за напредок и остварување на целите.
ДЕВИЦА
Девиците се во поволен период за кариерата, со можност за значаен напредок до 9. јуни. Фокусирајте се на професионалните цели, а по тој датум, ве очекуваат повеќе социјални и љубовни можности.
Поврзани објави
ТЕРЕЗИЈА
Терезиите имаат одлични аспекти за патувања и едукација. Ова е време за истражување нови култури и стекнување знаења. Кариерата ќе ви процути од јуни 2025 до јуни 2026 година, па подгответе се за нови можности.
СКОРПИЈА
Мај носи силни аспекти за љубов и семејство. Финансиски, очекувајте неочекувани приход како бонуси или наследство. Патувањата и образованието, исто така, се во фокусот во втората половина од годината.
СТРЕЛЕЦ
Стрелците имаат поволен аспект за брак и деловни партнерства. Финансиската ситуација се подобрува, а новите деловни партнерства може да донесат дополнителни приходи.
ЈАРЕЦ
Јарците се многу барани на професионален план, со многу работни задачи. Од јуни, аспектите за брак и љубов стануваат поповолни. Финансиски, јарците се стабилни и мудро управуваат со своите ресурси.
ВОДОЛИЈА
Водолиите се фокусираат на домот и семејството, но љубовта ќе им стане приоритет напролет. Втората половина од годината им носи професионален успех и можност за проширување на тимот.
РИБИ
Рибите се во период на учење и личен развој. Од јуни, очекувајте подобрување во љубовта и семејните односи. Патувањата и опуштањето ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да уживате во животот.
ФОТО: Andre Furtado / Unsplash