Исповедта на човекот кого го изневерила сопругата со автомеханичарот некому му е урнебесна, а тој од очај не знае што да прави
Еден маж, чија жена спиела со автомеханичарот бидејќи автомобилот не им го поминал техничкиот преглед, се исповедал на веб-портал за барање совети. Открил толку неверојатни детали што ги запалил социјалните мрежи! Имено, очајниот сопруг признал дека ситуацијата толку се искомплицирала што не можел да си го замисли тоа ни во најлудите соништа.
„Јас имам 44 години, мојата сопруга има 39 и заедно сме шест години. Тешко ни е финансиски, бидејќи таа минатата година ја изгуби работата, а мојата плата не е доволна за кирија, храна и сметки“, започнал тој и додал дека веќе имаат долгови од неколку илјади евра на кредитните картички.
„Не можевме да поверуваме кога ни кажаа дека автомобилот не го поминал техничкиот преглед. Механичарот процени дека неопходните поправки би изнесувале речиси 600 евра. Бев во паника, го прашав дали можеме да платиме на рати.
Но механичарот гледаше во мојата жена и дрско кажа дека ако немаме пари, тој ќе смисли друг начин како да платиме. Рече дека ќе размисли до утре и замина. Ја прашав жена ми што мисли таа и таа ми кажа дека сѐ би направила за да опстанеме.
Поврзани објави
Следниот ден отидовме кај него. Мојата сопруга влезе, а јас чекав во автомобилот. Тоа беше најдолгиот половина час во мојот живот. Се тешев, мислев дека и нејзе ѝ е тешко како на мене, но таа кога се врати во автомобилот рече: ’придонесувам за решавањето на нашиот проблем, исто како и ти’“, раскажал мажот.
Овој маж од Велика Британија додал дека сѐ тргнало наопаку кога неговата сопруга понудила „тоа“ да им биде решението за сите нивни финансиски проблеми.
„Скршено ми е срцето и мислам дека само јас сум виновен. Таа мисли дека нашла решение, дека ќе има ’клиенти’ и дека јас можам да ѝ бидам менаџер. Не знам како ќе се извлечеме од ова“, напишал тој.
Од веб-порталот му одговориле дека мора искрено да комуницира со сопругата, да ѝ каже дека ваквите постапки никако не се решение за финансиските проблеми и дека мораат итно да пронајдат начин да испливаат од долговите што нема да подразбира нелегални активности, кои не само што ќе го загрозат нивниот брак, туку и нивната безбедност.