Почетна Убавина и здравјеМладоликата Џесика Алба и 18-годишната ќерка привлекоа внимание на УС Опен

Младоликата Џесика Алба и 18-годишната ќерка привлекоа внимание на УС Опен

од nenad
1 минути читај за



Џесика Алба уживаше во спортски викенд во друштво на својата ќерка Хонор Ворен, а нивното појавување на УС Опен не помина незабележано.

45-годишната актерка и нејзината 18-годишна наследничка позираа прегрнати пред фотографите, а многумина коментираа дека повеќе наликуваат на сестри отколку на мајка и ќерка.


Поврзани објави

Џесика избра лежерно елегантно издание со крем фустан и светлосив џемпер од кашмир. Стајлингот го надополни со чанта Fendi, златни алки и слоевити ланчиња.

Хонор се појави во кариран фустан со халтер деколте, кој го комбинираше со црна чанта и златен накит, следејќи го стилскиот пример на својата славна мајка.

Двете се особено блиски, а во јуни ја одбележаа полнолетноста на Хонор со исти тетоважи по повод нејзиниот 18-ти роденден.