Филип се појави сам на прославата по повод раѓањето на синот на Урош, додека Александра остана дома.
Српскиот пејач Урош Живковиќ организираше голема прослава во Белград по повод раѓањето на својот син Лазар. На настанот присуствуваа бројни пријатели и колеги од естрадата, меѓу кои и Филип Живојиновиќ, сопругот на пејачката Александра Пријовиќ. Забележително беше отсуството на Александра, која остана дома, додека Филип се забавуваше во друштво на менаџерот на својата сопруга, Даниел Блажиќ Блашко.
Филип пристигна на прославата сам, а присутните беа изненадени што Александра не беше со него. Сепак, тој се забавуваше во друштво на Блашко, со кого сподели неколку моменти на веселба.
Фотографии од тој момент може да погледнете ОВДЕ
Поврзани објави
Интересно е што Урош Живковиќ сè уште не го видел својот син во живо, бидејќи не му било дозволено да го посети во болница. Тој изјави дека комуницирал со сопругата преку видео повик и на тој начин го видел наследникот.
Прославата беше полна со емоции и радост, а присутните му честитаа на Урош и неговата сопруга Јована за новиот член во семејството.
Името Лазар, кое го избраа за својот син, има значење „Божја помош“, што дополнително ја нагласува радоста по неговото доаѓање.
Aleksandra Prijovic Prija instagram