Почетна ЕкономијаИнфлацијата во ЕУ во август иста како во јули

Инфлацијата во ЕУ во август иста како во јули

од nenad
1 минути читај за

Европската статистичка служба – Евростат, денеска објави дека годишната инфлација во Европската Унија во август годинава изнесува 2,4 проценти, што значи дека остана константна во однос на јули, како и во однос на истиот месец од претходната година.

Во Еврозоната, августовската инфлација, исто така, беше идентична со претходниот месец, односно изнесуваше 2,0 проценти. Сепак, тоа претставува пад од 0,2 процентни поени во споредба со август 2024 година, кога беше измерена инфлација од 2,2 проценти.

Најниска годишна инфлација минатиот месец е забележана во Кипар, со нула отсто. Следуваат Франција со 0,8 проценти и Италија со 1,6 проценти.

Романија бележи најголем пораст на цените, со инфлација од 8,5 проценти, пред Естонија со 6,2 и Хрватска со 4,6 проценти.

Во споредба со јули 2025 година, годишната стапка на инфлација во август се намалила во девет земји членки на ЕУ, во четири останала непроменета, додека во 14 држави е забележано зголемување.