Во рамките на годишната награда eCommerce Awards 2022, за избор на најдобрите во македонската е-трговија, која втора година по ред ја организира Асоцијацијата за е-трговија, Пакет.мк е прогласен за најдобра Е-продавница за храна и пијалаци и Маркетплејс платформа на годината. Таа е единствената компанија која доби награди во двете главни категории. Покрај овие две категории, Пакет.мк освои и второ место во категориите: e-трговец на годината, најпопуларна е-продавница, e-трговец со најдобра грижа на корисници и e-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки. Со освоените награди, Пакет.мк потврди дека е една од најголемите е-продавници и доминантен е-трговец во FMCG секторот.
Изборот на најдобрите во е-трговијата eCommerce Awards има за цел да ги препознае и награди најдобрите во браншата, да ја зајакне конкурентноста и да ги мотивира е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење, но и да придонесе за промоција на е-трговијата и кревање на свеста за нејзиниот потенцијал. Пакет.мк веќе пет години ги гради своите позиции како најголема платформа за онлајн купување во Македонија, односно како “интернет супермаркет”, каде на потрошувачите им овозможува избор на повеќе од 10.000 производи достапни за достава истиот ден. Со широката понуда на производи, брзата достава, ефективната грижа за корисници и најдоброто искуство за плаќање, Пакет.мк има голема база на лојални корисници и е најголем онлајн супермаркет и еден од најголемите е-трговци во земјава.