Почетна ЕкономијаЧеститка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Сава

од nenad
1 минути читај за

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

-Дозволете ми, во името на македонските граѓани, да ви го честитам 27 Јануари – Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и да ви посакам мир и радост.

Овој важен празник е посветен на големиот српски духовник, просветител и градител Св.

Сава кој е инспирација за генерации Срби да го негуваат својот идентитет, јазик, писменост и култура и да создаваат трајни вредности.

Како уставно призната и општествено ценета, српската заедница придонесува за изградбата и за развојот на нашата заедничка татковина, и за негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество.

За тоа сведочи и влогот на бројни истакнати припадници на српската заедница, кои го збогатуваат нашиот општествен, културен и политички живот.

Заедно со македонската заедница во соседна Република Србија, српската заедница во Северна Македонија е цврст мост на пријателство меѓу двете држави чиишто односи се одликуваат со меѓусебно почитување и помагање, и во мирни и во турбулентни времиња.

Нека е за многу години 27 Јануари – Денот на Свети Сава, се посочува во честитката од претседателот Стево Пендаровски. ев/ФОТО: МИА Архива  .

Извор: МИА