Пејачката Индира Радиќ е само една во низата јавни личности чие име е злоупотребено на социјалните мрежи. Нејзиниот менаџер Ненад Шипка објасни за што се работи и како измамниците се обиделе да ја искористат пејачката.
Јавните личности често се мета на разни измами на социјалните мрежи, во кои нивните имиња се злоупотребуваат. Меѓу оние чие име измамниците сакале да го искористат за да добијат финансиска добивка била и Индира Радиќ.
Пејачката веднаш се огласи на својот Фејсбук профил и ги предупреди корисниците на социјалните мрежи да не наседнуваат на измамата.
Драги луѓе, некој го искористи моето име за да ве измами. Не паѓајте на тоа, блокирајте и пријавете веднаш. Ова е мојот единствен профил од кој ви пишувам“, напишала Индира.
Поврзани објави
Менаџерот на Индира објасни за каква измама станува збор.
Некој направи лажен профил, се обиде да го злоупотреби името на Индира за да изнуди нешто од луѓето. Но, навреме беше откриено и спречено“ – изјави Ненад Шипка.
Слично непријатно искуство доживеале и многу колеги на Индира, како Саша Матиќ, Драгана Мирковиќ, Марија Шерифовиќ и Снежана Ѓуришиќ.
Фото: printskrin Youtube/HYPE TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: