Дознајте како Бранко Попоски ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник
Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше гастро-блогерот Бранко Попоски (@cookingwithbranko).
1. Најголемиот тренд моментално е… континуирано учење
2. Личноста на која најмногу ѝ се восхитувам е… мајка ми.
3. Се издвојувам од другите зашто сум… креативен и брзо приспособлив.
4. Убавина е… едноставноста.
5. Се грижам за моето здравје така што… се грижам за себе.
6. Мојот животен стил би го опишал како… спортски активен, креативен во кујна и исполнет со здрави навики.
7. Ме нервира кога… некој е неодговорен за своите постапки.
8. Среќен сум кога… моите најмили се среќни и насмеани
Поврзани објави
9. Талент што би сакал да го поседувам е… да пеам.
10. Мојот најголем страв е… височина
11. Веднаш би се преселил… на Сејшели.
12. Најголемата лекција што ја имам научено е… да не се навраќам на работи кои ме повредиле.
13. Љубов е… разбирање, почит, поддршка.
14. Тајна што никој не ја знае… не постои такво нешто.
15. Во „Убавина и здравје“ повеќе би сакал да читам за… светски кулинарски навики, за дигиталните навики и за маркетингот во светски рамки.
Разговарала: Марија Лукаревска
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА
АЛЕКСАНДРА ТРПЕСКА: „Одамна не сум била олку среќна!“