Почетна Убавина и здравјеИма тело вретено, а момците ја обожаваат! – Убавина и здравје

Има тело вретено, а момците ја обожаваат! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачката Никол Шерцингер има 46 години, но нејзиното тело изгледа како да има 26

Никол Шерцингер моментално е на Хаваи, за да се одмори и да ги наполни батериите пред новите работни предизвици. Оваа атрактивна бринета споделила неколку фотографии во бикини на социјалните мрежи, а луѓето не можат да се изначудат колку добро изгледа во петтата деценија.

Но Никол никогаш не криела дека напорно работи за да има извајано тело. Освен што внимава на исхраната, Никол сериозно вежба и тоа секој ден најмалку по 40 минути.


Поврзани објави

Нејзините тренинзи се составени од вежби за сила (вежби со тегови) и танцување.

„Вежбајте умерено. Не мора да се ‘убивате’. Кога бев дел од музичка група, мислев дека морам да вежбам три или четири часа дневно, седум дена неделно, но не е така. Доволни се 20, 30 или 40 минути. Обично вежбам 30-45 минути, трипати неделно. Го правам тоа што функционира за мене“, изјавила Никол Шерцингер во една пригода.

„Забележав дека како што стареам, HIIT вежбите даваат поголеми резултати. Трчам неколку минути, па правам интервали на тренинзи за сила. HIIT тренингот ми дава навистина добри резултати кога комбинирам тегови со трчање на лента или друга форма на кардиотренинг“, навела таа.

„Пред да направам што било, го започнувам денот со 20-минутна медитација и молитва. Потоа, си го местам креветот и пијам алкална вода. Потоа, вежбам, со тренер или на справа“, открила Шерцингер.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @nicolescherzinger