Почетна ЕкономијаИзградба на колекторски систем во Трпејца почнува овој месец, потврди Мицкоски.

Изградба на колекторски систем во Трпејца почнува овој месец, потврди Мицкоски.

од nenad
1 минути читај за

Во селото Трпејца, кое се наоѓа во Охрид, овој месец ќе започне изградбата на колекторски систем, потврди денес премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот на градежните работи на патот од Климештани до Охрид (дел од автопатот Кичево – Охрид), претседателот на Владата објави дека во втората половина на август “веќе се воведува фирмата изведувач во работа” и дека проектот за колекторски систем во Трпејца е поделен на две етапи.

„Според моите информации, првата фаза е пречистителната станица и делови од двата цевководи – потисниот и одводниот. Потоа имаме препумпна станица и останатиот дел од овие два цевковода, во втората фаза. Така што, даденото ветување за трпејчани ќе биде реализирано”, рече Мицкоски.