Според објавата на Сојузот на синдикатите на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година достигна 65,328 денари. Ова претставува пораст од 630 денари во споредба со претходниот месец (јуни 2025), кога таа изнесуваше 64,698 денари.
ССМ дополнително истакнува дека со вклучен трошок за изнајмување стан од 60 квадратни метри за месец јули, вкупната вредност на кошницата се зголемува на 80,703 денари.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница (СМК) за храна и пијалаци, која опфаќа 63 производи, за јули 2025 година изнесува 23,682 денари. Во споредба со јуни 2025 година (23,167 денари), забележано е зголемување од 515 денари.
„Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2,637 денари односно за 4,20 проценти, додека кај храната и пијалаците за три месеци има зголемување за 2,202 денари односно за 10,25 проценти“, наведуваат од ССМ.
хс/са/Фото: МИА архива / принтскрин објава на ССМ