Почетна ЕкономијаМакедонскиот кошаркар Димитријевиќ, втор стрелец во победата на Олимпија

Македонскиот кошаркар Димитријевиќ, втор стрелец во победата на Олимпија

од nenad
1 минути читај за




Ненад Димитријевиќ одигра солиден натпревар во дресот на Олимпија Милано во триумфот над Скафати од 78:82. Македонскиот кошаркар беше далеку подобар во првиот дел, но му беше и поголема минутажата во првите две четвртини.

За вкупно 18 минути на паркетот Димитријевиќ постигна 13 поени со шут 3/4 за три и 4/4 од слободни фрлања. Додаде Димитријевиќ и три асистенции и два скока. Прв поентер за Олимпија беше Брукс со 22 поени. По четири кола во италијанската лига Олимпија има три победи и еден пораз.