Калиумот има важна улога во телесните процеси, како што се функциите на нервите и мускулите и одржувањето на рамнотежата на течностите.
Ако страдате од висок крвен притисок или ако имате проблеми со срцето, внесувањето на калиум е многу важно. Постојат докази дека калиумот го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од појава на аритмија.
Присуството на доволно калиум во телото го намалува количеството калциум што се губи преку урината, ги заштитува коските од остеопороза и го намалува ризикот од појава на камен во бубрегот.
СИМПТОМИ ПРИ НЕДОСТИГ НА КАЛИУМ
Иако недостатокот не е сврзан директно со ниту една болест, сепак примањето на доволно калиум е особено важно за целосното здравје и правилно функционирање на телото, особено за срцето.
Недостатокот на калиум се нарекува хипокалемија и настапува кога нивото на калиум во телото е под нормалното. Некои од симптомите кои се појавуваат при недостаток на калиум се:
Поврзани објави
- Малаксаност;
- Замор;
- Грчеви во мускулите;
- Запек;
- Абнормален ритам на срцето (аритмија).
ПРЕПОРАЧАНИ ДНЕВНИ ПОТРЕБИ НА КАЛИУМ
Препорачаните дневни потреби на калиум варираат во зависност од возраста на лицето.
- Новороденчиња (0-6 месеци) – 400mg
- Бебиња (6-12 месеци) – 700mg
- Деца (1-3 години) – 3 000mg
- Деца (4-8 години) – 3 800mg
- Деца (9-13 години) – 4 500mg
- Тинејџери (14-18 години) – 4 500mg
- Возрасни (19 години и нагоре) – 4 700mg
ХРАНА БОГАТА СО КАЛИУМ
Правилната балансирана исхрана треба да ви донесе и доволно калиум, па затоа недостатокот на калиум кај луѓето кои практикуваат балансирана диета е мошне ретка појава.
Најмногу калиум има во сокот од портокал, компирите, бананите, авокадото, доматите, брокулите, дињата, кајсиите, јагодите, спанаќот и млекото. Но, исто така калиум има и во зелката, модриот патлиџан, смоквите, сливите, печурките, бадемите, кикириките, краставицата, туната, сардините и повеќето видови месо и риба.