Иако подбрадокот најчесто е проблем за лицата со прекумерна телесна тежина, трупањето на масно ткиво под брадата се појавува и кај лица кои се во одлична форма, бидејќи големо влијание има и генетскиот фактор.
Стареењето и губењето на еластичноста на кожата е уште една од причините кои предизвикуваат овиснување на кожата на вратот. Ние жените вложуваме многу за зачувување на младешкиот изглед на кожата на лицето и за одржување на добра форма на телото, но вратот може да ја издаде нашата возраст и да го направи нашето лице позаоблено. Поради тоа, неопходно е дел од нашето време за разубавување да му го посветиме на вратот.
Во продолжение ќе најдете вежби и совети кои ќе ви помогнат да го намалите непосакуваниот подбрадок и да ја зачувате убавината на кожата на вратот.
ВЕЖБИ ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ НА МУСКУЛИТЕ НА ВИЛИЦАТА И ВРАТОТ
За да имате мазен женствен врат и стегната кожа и да не се срамите од масни наслаги под брадичката, потребно е да практикувате вежби за затегнување на мускулите на вилицата и вратот. Тие се многу едноставни, но и забавни, па ако еднаш започнете, сигурно ќе сакате да продолжите да ги вметнувате во вашите секојдневни активности.
Туркање со челото
- Ставете ја десната дланка на челото и притиснете.
- Започнете да туркате со челото нанапред, а со дланката создавајте отпор за мускулите на вратот да „работат“, а вашата глава да стои в место.
- Задржете се во таква положба 10 секунди.
- Повторете ја вежбата 5 пати.
Бакнежи нагоре во воздух
- Застанете или седнете исправени. Наведнете ја главата наназад така што погледот да ви биде насочен кон таванот.
- Соберете ги усните цврсто како кога испраќате бакнеж.
- Држете ги усните собрани и истакнати 10 секунди, а потоа опуштете ги.
- Повторете ја вежбата 5 пати.
Подигнувањето на брадичката нагоре и испраќањето на бакнежи ги затегнува и тонира мускулите на вилицата и вратот.
Поврзани објави
„Џвакање“
- Застанете или седнете исправени. Наведнете ја главата наназад така што погледот да ви биде насочен кон таванот.
- Започнете да имитирате џвакање со затворени усни.
- Повторете го движењето 20 пати.
Плазење со јазикот
- Држете ја главата во природна положба.
- Отворете ја устата колку што можете повеќе.
- Исплазете го јазикот колку што можете нанапред.
- Задржете се во таа положба 10 секунди.
- Повторете ја вежбата 5 пати.
Долни усни нагоре
- Застанете или седнете исправени.
- Долните усни подигнете ги нагоре колку што можете повеќе.
- Задржете ги во таа положба 10 секунди, а потоа опуштете ги.
- Повторете ја вежбата 10 пати.
Долна вилица нанапред
- Застанете или седнете исправени и додека ги држите усните споени една со друга, разделете ги забите така што ќе ја спуштите долната вилица надолу.
- Турнете ја долната вилица нанапред при што долните заби да ви се понапред од горните.
- Задржете се во таа положба 10 секунди.
- Повторете ја вежбата 5 пати.
Бавна ротација со главата
- Седнете или застанете исправени и започнете да ја ротирате главата.
- Многу бавно правете кругови прво налево, а потоа надесно.
- Направете 20 круга, притоа внимавајќи сите мускули на вратот да се затегнуваат.