Да му се сневиди Исаковски ..Не научив !..Не научив да пишувам кирилица .Во мојот ракопис , буквите заглавија низ прстите на безумието што живее денес. Во страниците на секојдневието, вокабуларот се скрива во немите зборови .Се повеќе тишини живеат дење и урлаат ноќе ..Знаеш ,…Се чудев додека Ти создаваше ноќе , се’ додека зглобот на раката не те заболи , се’ додека не побели .Слушав блуз , и гледав чашка коњак пред тебе, додека ги впивав зборовите кои ти ријат низ џигерот.Се прашував тогаш :-Што до толку ја стега душата , да му се сневиди , што мачи , што притиска ?…Не знаев дека те копачат со комплименти , оние на кои слепо им веруваш, додека во тебе спие ѕверот кој го до создаваа , жедни за неспокој и плач , жедни за немир ..Не знаеја поинаку , не знаеја , проклето нека е ..Да навлезат длабоко во душата , не знаеја да милуваат , не знаеја да сакаат , не знаеја да бидат Љубов ..Мислиш сега поинаку ли е ?Мислиш се промени нешто ?Не Исаковски ! НЕ !Не ќе научат никогаш да опсујат сочно, не ќе научат никогаш да сакаат страсно , ..Вокабуларот им се лигави низ прстите , додека се обидуваат да склапчат нешто набрзина .Не знаат Исаковски ! ..Не знаат проклето нека е !Да ја откопчат кошулата на животот да навлезат длабоко и да ријат до безсознание по човекот , да ја отворат заборавената школка на животот .Не знаат да ја отплеткаат косата , која како грива сјае на сонцето ..Ти се ослободи од додворувачките зборови , а со вокабуларот ме ишамари мене ..Зошто бре човеку , не те послушав ..Спиј спокојно, додека јас се обидувам да ги составам денот и ноќта , да ги составам иглата и конецот и да го крпам животот ..Додека ме копачат со комплименти …Автор: Оливера Ширговска…13.10.2021
Знаеш, се чудев додека ти создаваше ноќе, се’ додека зглобот на раката не те заболи, се’ додека не побели
99
претходен текст