Почетна Убавина и здравјеЗлато за велешкиот детски хор во Паралија – „Св. Кирил и Методиј“ прв меѓу детските хорови (ФОТО)

Злато за велешкиот детски хор во Паралија – „Св. Кирил и Методиј“ прв меѓу детските хорови (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Со четири композиции и впечатлив настап, хорот под водство на Веселинка Маџарова ги освои највисоките оценки на меѓународниот фестивал „Музика и море“.

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес освои златен медал и го освои првото место во категоријата детски хорови на меѓународниот хорски фестивал „Музика и море“, кој традиционално се одржува во Паралија, Грција.

Под диригентската палка на Веселинка Маџарова, младите велешани настапија со четири композиции, со кои ги воодушевија публиката и стручното жири. Особени пофалби пристигнаа и за изборот на репертоарот, кој придонесе за впечатливиот настап на хорот.

Меѓу композициите што оставиле силен впечаток била и песната за „малечката мува“, додека публиката и жирито со внимание ја проследиле и изведбата на „Дафино вино црвено“. По освоеното прво место, хорот обезбеди и пласман за натпреварот во гран при.


Поврзани објави

Најдобар хор во категорија на детски хорови и влез за натпревар во гран при. Заедно можеме и повеќе“, објави Маџарова на социјалните мрежи, заблагодарувајќи ѝ се на Општина Велес за континуираната поддршка. Фестивалот „Музика и море“ се одржува секоја година во септември и собира стотици детски, младински, машки, женски и мешани хорови од Европа.

Screenshot FB