Здраво е сè што е од растително потекло – семки, јаткасти плодови, овошје, чаеви и какао.
Најстрого забранети намирници во светот на здрави слатки се бел шеќер, брашно, маргарин, емулгатори, ароми и бои.
Чоколадото се комбинира со сите намирници.
Семките се база и здрави масти за секој десерт.
Засладувачите, путерите и маслата служат да ги поврзат другите состојки.
Пробајте некоја од комбинациите: манго и чоколадо, авокадо, малина и бадем или калинка и кикиритки-путер – ќе се воодушевите!
Сите ги знаеме предностите на суровата храна – претставува одличен извор на сите потребни хранливи состојки, па затоа обидете се барем десертите да ви бидат свежи и здрави.
Состојки:
Поврзани објави
Црн слој: 150 г мелени лешници, 30 г кокосов шеќер, 45 г какао, 40 г агава-сируп, 10 г какао-путер, 55 г кокосово масло. Зелен слој: 150 г мелени бадеми, 40 г агава-сируп, лажичка зелен чај. Глазура: 10 г какао-путер, 10 г кокосово масло, 15 г какао.
Приготвување:
Црн слој: растопете ги на пареа какао-путерот, кокосовото масло и кокосовиот шеќер, па додајте какао и промешајте. Во смесата додајте мешавина од лешници и агава-сируп.
Зелен слој: помешајте ги мелените бадеми, агава-сирупот и зелениот чај. Излејте го колачот во триаголна модла, обложена со хартија за печење. Прво ставете 100 г црн слој, потоа зелен слој и повторно црн слој. Оставете го колачот во ладилник еден час.
Глазура: растопете ги какао-путерот и кокосовото-масло на пареа, додајте го какаото и промешајте. Оставете ја 20 минути во ладилник. Извадете го изладениот колач од ладилник и отстранете го калапот. Оставете го неколку минути на собна температура и исечете го на тенки ленти.
Текст: Убавина и здравје