Емпатијата е клучен момент на емоционалната интелигенција која овозможува способност да ја разберете перспективата, чувствата и мотивите на другата личност. Погледнете како да ја трансформирате емпатијата во ваша силна страна.
Психолозите ја објаснуваат емпатијата како гледање на светот низ туѓи очи. За да може да ја развиеме оваа способност најпрво треба да сме љубопитни за личноста.
Оваа вештина им помага на луѓето да се сложуваат со другите, од сакани до странци. На некои личности им доаѓа полесно отколку на други. Затоа, вреди да се разгледа вашата сопствена способност за емпатија, која можете да ја усовршите исто како и секоја друга вештина.
Емпатијата бара внимание на туѓите зборови и говор на телото, забележување на чувствата што се јавуваат во нас кога комуницираме со нив и ги прашуваме за нивните чувства.
Доколку сакате да ги воздигнете односите на повисоко ниво, обидете се со овие тактики за развој на вашата емпатија :
1.Признајте ги вашите предрасуди
Поврзани објави
Сите имаме предрасуди кон поединци или групи, без разлика дали сме свесни за нив или не. Предрасуда може да биде и противење или згрозување од верувањата или постапките на таа група. Но, несвесната пристрасност е посуптилна и затоа е тешка да се препознае. Вообичаените примери на овие предрасуди се однесуваат на разликите во полот, расата, класата, возраста, тежината и културата. Колку појасно ги гледаме, толку помалку тие ги контролираат нашите мисли, чувства и постапки.
2.Внимавајте како разговарате
- Слушајте и не прекинувајте.
- Направете контакт со очите за да ја подобрите вашата концентрација и поврзаноста со другата личност.
- Бидете отворени за нови и различни идеи.
- Извинете се ако сте повредиле нечии чувства со тоа што сте го кажале.
- Истражете го проблемот. Разберете од каде доаѓа таа гледна точка и како тоа влијае на луѓето кои се вклучени.
3.Читајте различна содржина
Читањето весници, списанија и онлајн содржини што ги доловуваат животите на луѓето од различни потекла Тоа ја зголемува нашата емоционална интелигенција и нашиот капацитет да сочувствуваме.
Фото: Freepik.com