Тврди дека се почувствувала непочитувано поради изборот на песна
Пејачката Нела Видаковиќ изјави дека ја напуштила емисијата на Јована Јеремиќ, бидејќи, како што вели, не се почувствувала испочитувано и не планира повторно да гостува кај неа. По гостувањето во утринската програма, таа на социјалните мрежи објави видео од студиото и објасни што точно се случило.
Според нејзините зборови, проблемот настанал околу изборот на песната што требало да ја изведе. Таа инсистирала да биде пуштена нејзината песна „Орас“, додека водителката барала друга нумера. Тоа, како што наведува Нела, кај неа предизвикало чувство на непочитување.
Во обраќањето на TikTok, пејачката истакна дека не ја интересира гледаноста и дека не избира каде ќе гостува според тоа. Како што рече, додека има меѓусебна почит, сè е во ред, но кога таа ќе изостане, тогаш нема причина да остане во емисијата.
@nelavidakovic Šta se desilo tokom jutarnjeg programa između Nele Vidaković i Jovane Jeremić na Božić 🎄? 🎵❌ #JovanaJeremic #NelaVidakovic #JutarnjiProgram ♬ original sound – Nela Vidakovic
По повод настанот се огласи и Јована Јеремиќ, која кратко изјави дека не знае за што точно станува збор и дека не планира дополнително да ја коментира ситуацијата.
printscreen RTV Pink