Почетна ЕкономијаЗапочнува кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“

Започнува кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“

од nenad
0 минути читај за

29/12/2024
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


Националната кампања „Поддршка за згрижувачките семејства“ ќе започне денеска со почеток во 11 часот во ВЕРО Центар.

Кампањата има за цел да оддаде признание на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост, како и да овозможи помош и промени во животите на децата на кои тоа им е најпотребно.

На настанот ќе присуствуваат Ѓоко Велковски, заменик-министер за труд и социјална политика и Петар Денковски, директор на ВЕРО.

Кампањата се спроведува под платформата „ВЕРО за тебе“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика. ар/ев/Фото:МИА архива  .

Извор: МИА