Алијансата за Албанците денеска во Струга го одржа партиското собрание на кое постави нов стандард во внатрепартиската отчетност и транспарентност. Сите функционери, без исклучок, известуваа за својата работа пред собраниските членови. Оваа иновативна практика на отчетност, преземена од АА, ги вклучува претседателот на партијата, министрите, замениците министри, пратениците, директорите и други функционери. Дополнително, овој нов пристап ќе се прошири и на локално ниво, со што одговорноста ќе биде задолжителна во сите ограноци каде на AА. На ова Собрание Аријанит Река беше избран за претседател на Академијата на АА, независно партиско тело со јасна мисија. Академијата има за цел да промовира структуриран и инклузивен дијалог, негувајќи култура на разбирање, компромис и меѓусебно почитување меѓу членовите со различни политички идеи во партијата. AА продолжува со посветеност на добро владеење и вклученост засновано на транспарентност и отчетност, донесувајќи нов модел за политичките партии во земјата.