84
Вчера беше запален автомобилот на сараевскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат по прекарот Буба Корели.
Пожарот се случил утрото околу 03:00 часот на улицата Колодворска во Сараево. Запален бил скапиот автомобил Ауди Q8 на Буба, дознава „klix.ba“.
Поврзани објави
За се е известено Кантоналното обвинителство кое, како што пренесува споменатиот портал, овој чин го окарактеризира како „предизвикување општа опасност“.
Пожарот, инаку, не бил од големи размери, па немало интервенција на сараевските пожарникари.