Почетна Убавина и здравјеЕдна ноќ во вилата што ја изградил гроф чини 2.000 евра! – Убавина и здравје

Една ноќ во вилата што ја изградил гроф чини 2.000 евра! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал биле фотографирани пред вилата Пасалаква

Џорџ и Амал Клуни облечени во бело се симнале пред луксузниот бутик-хотел Пасалаква на езерото Комо и светските медиуми веднаш пренесоа дека дошле на летување. Но, успешната брачна двојка која води своја хуманитарна фондација „Клуни фондација за правда“, овој луксузен комплекс го користи само да за да ги угости своите гости, наместо во својата куќа која се наоѓа само шест километри подалеку.

Семејството Клуни често го избира овој хотел за организација на гала вечери, хуманитарни настани и состаноци поврзани со нивната фондација за човекови права.

Кога сакаат да ја променат атмосферата или да ги угостат своите пријатели од Холивуд на свечена вечера надвор од својот дом, Пасалаква е едно од нивните омилени места, пред сè поради високото ниво на приватност и врвниот ресторан.

Вилата на Клуни, Олеандра, се наоѓа на само шест километри од хотелот. Со автомобил им се потребни околу 12 минути, а со бротче само девет минути. Познато е дека токму во оваа вила Џорџ ја однел Амал кога се запознале, а таму подоцна и ја запросил.

Се зборува дека парот особено ја цени приватноста што им ја овозможува нивниот дом, а нивните пријатели добро знаат дека, доколку ги посетуваат во вилата Олеандра, телефоните се оставаат на влезот.

Што нуди луксузниот хотел Пасалаква?

Пасалаква е ултралуксузен историски бутик-хотел со 24 апартмани, сместен на терасовиден имот со спектакуларен поглед кон езерото Комо, во местото Молтразио, Италија.


Поврзани објави

Хотелот се наоѓа во Молтразио, на околу 15 минути од градот Комо и на помалку од еден час возење од Милано.

Историскиот имот бил изграден на почетокот на XIX век од страна на грофот Андреа Лучини Пасалаква, на земјиште кое некогаш било во сопственост на папата Инокентиј IX.

Хотелот има и интересна историја. Познатиот композитор Винченцо Белини престојувал тука во 1829 година, а токму на ова место ги создал дел од своите познати дела, меѓу кои и операта „Норма“.

Хотелот го реставрирала семејството Де Сантис, сопственици на Grand Hotel Tremezzo, а по темелното обновување повторно бил отворен во 2022 година.

Пасалаква располага со само 24 уникатни апартмани, распоредени во три различни објекти – главната вила, палатата и Casa al Lago. Во рамките на имотот се наоѓа и впечатлив отворен базен сместен на градинарска тераса, приватен пристан за пристап со брод, спа-центар, фитнес-центар и пространи историски градини со скриени тунели.

Токму комбинацијата од историја, ексклузивност, приватност и спектакуларната локација го прави Пасалаква едно од најпосакуваните места за престој на езерото Комо.

Цената за ноќевање во овој луксузен хотел може да достигне околу 2.000 евра по лице, а капацитетите често се целосно исполнети.

ФОТО: ИНСТАГРАМ