80
Александар Лукашенко, претседател на Белорусија, ќе посети Кина на покана на претседателот Си Џинпинг. Лукашенко, поддржувач на Русија, ќе биде во Кина од 28 февруари до 2 март. Вчера имал долг разговор со Путин, а петокот и со кинескиот министер за надворешни работи. Двајцата разговарале за соработка на Пекинг и Минск за да се продлабочи меѓусебната политичка доверба. Во септември минатата година, двајцата најавија стратешко партнерство меѓу двете земји.