Почетна Убавина и здравјеЗаводливата Ирина Шајк позираше без долна облека – Убавина и здравје

Заводливата Ирина Шајк позираше без долна облека – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Ирина Шајк со нова фотосесија повторно ги „запали“ социјалните мрежи. Таа позираше без долна облека, облечена само во кожна јакна, додека седеше на мотоцикл, што предизвика бројни реакции и коментари од нејзините следбеници.

Фотографиите се дело на познатиот фотограф Стивен Клајн, а Шајк во описот напиша дека со ова издание симболично „влегува во 2026 година“, инспирирана од нивните долги ноќни разговори и неговиот уметнички свет. Освен фотографијата на мотоциклот, таа објави и кадри на кои позира покрај коњ, како и во када.

Реакциите на јавноста се поделени. Дел од фановите ја пофалија нејзината самодоверба и изглед со коментари дека таа изгледа совршено без разлика што носи, додека други сметаат дека станува збор за нејзините најлоши фотографии досега и отворено го изразија своето незадоволство.

 

Поврзани објави

Инаку, Ирина Шајк е ѕвезда на најновото издание на американското списание „В“ (V Magazine), во кое се најде и фотографија на која интимните делови ги покрива со рака, дополнително нагласувајќи го провокативниот концепт на фотосесијата.

 

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DQuOP4DkeEX/?img_index=1