Пејачката Алка Вуица објави фотографија на својот инстаграм-профил, со која ја најави новата сезона на емисијата „Кој пее таму“ на хрватската телевизија Нова, во која ќе се појави како член на стручниот панел.
„Наскоро…“, напиша 63-годишната пејачка покрај фотографијата на која позира во студио за време на снимањето на емисијата. Нејзиниот изглед го привлече вниманието на следбениците, а имаше и интересни коментари.
„Алка, не личиш на себе“, „Алка, ти ли си тоа??? Леле, каква добра шминка“, „Алка, трепни ако те киднапирале“, „Кој е ова?“, „Сега личиш на Адријана Лима“, „Малку личи на Севе… да бидеме реални… жената не личи на себе“, се само дел од коментарите под фотографијата.
Поврзани објави
Фото: Инстаграм Принтскринhttps://www.instagram.com/p/DGWOWtvuf32/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading